Не ја гасете светлата ѕвезда кон која се стремиме. Не станувајте нашата пречка. Бидете нашите херои. Почетокот на преговорите ќе ни помогне да поттикнеме уште посилен ангажман, да создадеме повеќе работни места и да ги задржиме младите дома, ангажирани и посветени.
Благодарност и до комесарот Јоханес Хан за целиот негов напор во изминатите години, месеци и денови. Комесаре Хан, ве уверувам дека Република Северна Македонија високо го цени ова никогаш нема да го заборави. Вие сте голем пријател на нашата земја., изјави Заев.