Краткиот филм „И(с)згубени” на охридсиот режисер Антонио Вељаноски ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сапоро, Јапонија.
„И(с)згубени” е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.
Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алис Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.
Фестивалот во Сапоро следува после успешните проекции на „И(с)згубени” и учествата на фестивалите „Фастнет” во Скал, Ирска и „Лифт-ОФФ” во Лондон, Англија. Тој беше и во официјалната конкуренција на домашните фестивали „Скопје Филм Фестивал”, „Дрим Порт” во Струга, „Бич филм фестивал” во Охрид, Интернатионал Фестивал ОДА во Тетово и „Манаки” во Битола.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.