Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни италјанскиот Лацио поради расистички испади на неговите навивачи за време на натпреаврот од Лига Европа со францускиот Рен, со затворање на трибината за најзагреаните навивачи на дуелот со Селтик на 7 ноември, како и парично со 20.000 евра.
За време на натпреварот кој Лацио го доби со 2:1 на 3 октомври од трибините на „Олимпико“ се извикувале расистички повици токму од делот на стадионот каде биле сместени најзагреаните навивачи на домаќинот.