Според ново објавената статистика, заклучно со 2019 година речиси 20 отсто од шведското население, или секое петто лице, се родени надвор од земјата, што е нов рекорд, пренесува шведскиот радиодифузер СВТ.
Вкупно 1.960.000 родени во странство сега живеат во Шведска каде што бројот на странски жители е речиси удвоен помеѓу 2000 и 2019 година.
Најчеста земја на потекло за мигрантите од 2000 до 2015 година е соседна Финска, но од екот на кризата со мигрантите, Сиријците ги надминаа финските имигранти и остануваат најбројни според земјата на потекло.
Ирачките мигранти, исто така, бележат пораст од 2000 и од август 2015 година ги заменија Финците на второто место по Сиријците. Заклучно со август годинава, имало 190.209 мигранти родени во Сирија, 145.602 Ирачани и 145.487 Финци.
Кога се анализираат мигрантите според пол, 65 отсто од вкупниот број авганистански мигранти се мажи, додека Тајланд има најголем удел кај жените-мигранти со 78 отсто од вкупниот број.
Општината Боткирка има најголем удел на жители родени во странство со 42,1 отсто, а по нив следат Хапаранда и Содерталје.