Директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортњиков, вели дека несоработката на водечките светски ИТ компании со специјалните служби во борбата против тероризмот во сајбер-просторот претставува голем проблем кој им оди во прилог на терористите, пренесува „Спутник“.
Како што појасни Бортњиков, основниот инструмент за комуникација и понатаму се интернет-месинџерите кои се шифрирани, што претставува проблем за специјалните служби.
„Способноста на хакерите кои работат за терористите да ги маскираат своите сајбер-напади и да ги претстават како напади од одредена земја може да доведе до реални политички и воени конфликти,“ предупреди тој.
Бортњиков укажа и на тоа дека е во пораст заканата од користење на новите бежични технологии, кои не зависат од мобилните оператори или од конекцијата на интернет, при изведувањето на терористичките напади.
Меѓу другото, тој ја спомена вештачката интелигенција која им е широко достапна на сите, па и на терористите кои би можеле да ја искористат при избведувањето напади.
Кога станува збор за Русија, Бортњиков вели дека безбедносните служби блокирале околу 8.000 сајтови чија содржина била составена од терористичка пропаганда. Покрај тоа, ФСБ спречила 39 терористички напад само во 2019 година на територијата на Руската Федерација, додека 32 терористи биле ликвидирани.