ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска завршува со реализацијата на есенските акции за генерално чистење на скопските општини. Последната есенска акција за чистење се спроведува во општината Шуто Оризари, каде што екипите на Претпријатието вршат рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, а отстранети се и вкупно 120 кубни метри отпад од диви депонии. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје организираше и чистење на дворовите на сите градинки, основни и средни училишта во оваа скопска општина. Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Етула Амети и раководителот на Секторот за комунална хигиена, Зекирија Незири, денеска учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, каде што учениците беа информирани за активностите на Претпријатието, како и за штетните последици од неправилното постапување со отпадот.