Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од тетовскиот регион кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на животната средина.
Според објавите на Еко Герила на Фејбук, километри траса се сечат за да се изградат зафати и цевководи за хидроелектрани. Тие најавуваат голем народен собир викендов во Лешница.
Тие апелираат да престане уништувањето на шумите и да сопре изградбата на хидроцентралите.