(Видео) Камион се заби во автобус на ЈСП, повредени пет лица

Камион со струмички регистерски ознаки удри дирекно во автобус на Јавното сообраќјано претпријатие Скопје со број 52. На снимката до која дојде МКД.мк се гледа како автобусот застанува на автобуска постројка кај населбата Дрма и во еден момент товарно моторно возило “Застава” со голема брзина удира во автобусот.

Според увидот и записникот на внатрешната контрола, автобусот застанал на утврдена постојка на трасата, отворил врати да се симнат патници и во тој момент, од позади, во него се удрило товарното возило.

При незгодата, повредени биле петмина, возачот на автобусот и четворица патници. Едниот од патниците, во моментот на ударот, се симнувал на постојката, по што паднал во канал.

Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница. Според внатрешната контрола на ЈСП, возачот на товарното возило го управувал возилото без соодветна возачка дозвола, а возилото не било регистрирано од 2012 година.

Видеото може да го видите на линкотМКД.мк

Треба да знаете
Последни објави