Американската актерка Хелен Хант (56) била пренесена во болница по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес.
Според странските медиуми, актерката во моментот на несреќата била сама во автомобилот, а на снимките од надзорните камери се гледа како автомобил удира во џипот во кој била актерката. Поточно, таа била на задното седиште, а џипот се превртел од силината на ударот.
Актерката веднаш била пренесена во болница и се пожалила на болки.
Таа била свесна и во стабилна состојба во моментот кога ја пренесувале со амбулантно возило. Здравствената состојба на возачот на џипот во кој била актерката не е позната, ниту на возачот на возилото што удрило во џипот.