Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „24 сати“ на ТВ Пинк вели дека верува оти Франција ќе остане на својот став и дека бараат нова методологија за ЕУ.
„Ги поддржувам Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите, но се плашам дека нема да добијат, а и за нас ќе бидат потешки процедурите. Верувам дека во ноември ќе се видам со претседателот Макрон во Париз и тогаш ќе можам детално да разговарам со него, по што ќе се состанам и со Путин“, рече Вулиќ.