Отворено писмо до претседателот на Франција, Емануел Макрон
Господине претседателе,
Македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години, направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.
Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, го менуваме Уставот, знамето и на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ.
Европерспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евро-стандардите.
Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.
Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди. Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.
Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте и шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.
Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија.
Искрена благодарност!