Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, финансиран од ИПА програмата на Европската унија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, посочи дека дека еден од предусловите во процесот на прилагодување на националните институции кон Европската Унија е воспоставување на национална мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН).

Земјоделските политики во Република Северна Македонија, се едни од најважните секторски политики кои зависат од степениот на развој на самото земјоделство, развојот на науката, како и развојот на домашниот и соседните пазари, а ФАДН системот е централен иснтрумент за следење на едономскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија.

“ФАДН е одличен инструмент за проценка на приходите на земјоделските стопанства и влијанието на Националната земјоделска политика во Северна Македонија. Резултатите од истражувањето ФАДН се клучни во утврдувањето на влијанието што земјоделската политика го има врз поединечните стопанства, како и за креирање на соодветни политики и мерки за развој на секторот. Во оваа насока ФАДН системот претставува  централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија како целина“, изјави министерот Димковски.

При тоа Димковски потенцираше дека со резултатите добиени од овој проект, македонскиот ФАДН во иднина ќе биде одржлив систем, дата базата на податоци ФАДН ќе биде од фундаментално значење во земјоделскиот сектор и дека ќе претставува корисна алатка за стратешки избори при планирање на иднината на македонското земјоделство.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, амбасадорот на Република Полска, Војчех Тицински и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео искажаа задоволство за успешно завршениот проект и порачаа да се продолжи со оддржување на системот, активно да се разменуваат податоците со другите институции со цел да продолжи одржливиот систем на ФАДН.

Имплементацијата на овој проект е овозможена со помош на Делегацијата на Европската Унија,  голем придонес имаат и твининг експертите како и сите други вклучени партнери, а тоа се, италијанското Министерство за земјоделство, храна и шумарство, италијанскиот Национален совет за земјоделско истражувања и економија, како и Институтот за земјоделска економија и храна на Полска.

Треба да знаете
Последни објави