Официјалната топка, со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2020 година, беше прикажана на страницата „Footy Headlines”. Топката „Адидас Унифорија” е во традиционалното бело со црни елементи, како и со сини, жолти и розови ленти.
Изработена е од истите материјали, од кои беше направен моделот „Телстар” со кои се играа средбите на СП 2018 во Русија.