Премиерот на Шпанија, Педро Санчез изјави дека нема да преземе итни мерки во покраината Каталонија, каде застапниците за независност се судрија со полицијата веќе трет ден по ред.
Санчез се состана со лидерите на трите најголеми опозициски партии во Мадрид по насилните протести последните два дена по пресудата за каталонските политичари одговорни за референдумот за независност 2017 година.
„Ги повикав да го одржат единството и заеднички да одговорат на овој предизвик“, рече Санчез на конференцијата за медиуми.
„Насилниците во Каталонија сакаат да реагираме бурно и да започне спирала на насилство. Но, ние нема да потклекнеме на оваа провокација “, додаде тој, истакнувајќи дека нема да исклучи какви било можни сценарија доколку ситуацијата се влоши.
Алберт Ривера, лидер на партијата „Центар за граѓани“, која настана во Каталонија како спотивставување на идејата за независност, побара од Санчез да го активира членот 155 од Уставот.Со тоа, централната власт во Мадрид би презела привремена директна контрола врз автономната провинција Каталонија и најави предвремени избори таму. Но, Санчез тоа го одби.
„Имаме на располагање закони, но како што реков, треба да останеме умерени. Таа умереност значи сила“, рече тој.