Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа преку дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, упати јавна покана до Блерим Река.
Тој го повика поранешниот кандидат за претседател, да се приклучи кон Алијансата на Албанците.
Претходно потенцираше дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор и на пролет ќе има избори.
Инаку, Брисел денеска и утре одлучува за Македонија, а Заев вчера на прес-конференција со Хан побара лидерите на ЕУ да бидат херои, а не пречка и да не ги гасат светлечките ѕвездички за земјава.