Американскиот претседател Доналд Трамп на 9 октомври, кога започна турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кое го предупредил, доколку ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, дека во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.
На почетокот на краткото писмо, што на Твитер го објави новинарката на Фокс, Триш Реган, американскиот претседател на својот турски клега му предлага да постигнат „добар договор“.
„Не сакате да бидете одговорен на масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, а ќе го сторам тоа“, навел Трамп, кој веќе воведе некои санкции кон Турција и се заканува дека ќе ги прошири на начин што тие ќе бидат уништувачки за турското стопанство.Во писмото Трамп истакнува дека тешко работел за да се решат некои од проблемите на Турција и на Ердоган му порача да не го разочарува светот.