Тања Фајон известувачот на Европскиот парламент за Косово, остро реагираше на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.
„Голем срам е“, напиша Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографија со македонскиот премеиер Заев.
„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, пишува Фајон. Тања Фајон успеа да обезбеди уште еден петгодишен мандат во мај во Европскиот парламент со што Косово го задржа известувачот во ЕП.
https://www.facebook.com/tanja.fajon/posts/10156836156003741?__xts__%5B0%5D=68.ARDCD1wS49rwydF7YjjTeII03Yl_6oJhkGQlF7rfDAXlng8W_MPyHybQFd2mDhU5a6pXFnIWSd5vNBkrL-b7iDp-FXuLXQTAgNmxWrx4uOAXndQ31JigNliYJY6PW9ouz_hTcdiMoHMf7J5utquGzMeFQaDthRunEojrj3VgvTavqCCvL9n9aEseNOBye2sbzsR9sRWHwVIl45eS0l4jSzikQciSNGBvxNjU2F5JLg3Zbvmpdc7vDdb2rbd3bkvDoqs0DdG3BqzVM_Bn9Ui2g6cZGYgdZYVn6IpSaGk-pu2sd-7y8QhwY3B4bNvJuvf2N-2nB_qduR7_luneeg&__tn__=-R