Хонгконг е најскапиот град во светот, пренесува NationalGeographic.rs.
За да го утврди најскапиот град во светот, консултантската фирма за човечки ресурси „Мерсер“ земала предвид голем број фактори, вклучувајќи ги и трошоците за сместување, превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава.
Во сето ова, на прво место се издвојува Хонгконг. Веќе втора година по ред азискиот град се наоѓа на ова почесно место.
Од првите 10 најскапи градови, седум се во Азија. Токио се најде на второто место, по што следува Сингапур.
Единствените неазиски градови што се рангирани меѓу првите 10 се Цирих, Ашбабат и Њујорк.