После се она што Сокол Митровски и ВМРО-ДПМНЕ му го направија на Ѓорче Петров, опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборува за работата на локалната самоуправа. Појавувањето на лица вработени во Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Северна Македонија во работнo време на партиски прес конференции најдобро покажува дека режимската матрица во ВМРО-ДПМНЕ не е променета ниту на локално ниво. Наместо да шири лажни вести и неосновани обвинувања, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски да објасни, како држи партиски прес конференции во време кога треба да биде на своето работно место во Министерството за транспорт и врски?
Што бара до него советникот Славчо Мисајлевски исто така во работно време а е вработен во Влада на Република Северна Македонија? Недовршената општинска зграда е споменик само на груевизмот, расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Стојановски, кој денеска лажно обвинува, како советник кренал рака и дозволил ТРАНСМЕТ да може да продава неизграден деловен простор за зградата со која трајно го уништија паркот и ја турнаа Општината во правни лавиринти на стечајни постапки. Стојановски треба да каже и колку пари изеле од Општината заедно со Владо Мисајловски додека му биле советници на Митровски, кога само во еден ден биле потрошени неверојатни 10.000 евра за ручек, за што има поднесено и кривична пријава.
Дали истите не доаѓале на седници а земале паушал, што е констатирано и во ревизорскиот извештај?
И на централно и на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е заглавена во очај и безидејност и не нуди ништо освен обнова на криминалот и расипништвото, но граѓаните тоа нема да им го дозволат. Ѓорче Петров, граѓаните, државата одат напред и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги врати назад во времето на криминал, неспособност и неказнивост.