Тројца американски дипломати се симнати од воз во близина на рускиот град Северодвинск, бидејќи влегле на таа територија без соодветна дозвола.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американската амбасада во Москва побарала дозвола за официјална посета на дипломатите, но таа важела само за Архангељск, но не и за Северодвинск.
Поради ваквиот инцидент, руското МНР соопшти дека ќе испрати протестна нота до Вашингтон.
Северодвинск е град во северниот дел на областа Архангељск, меѓутоа во тоа место е забранет пристап за странски државјани и за влез е потребна посебна дозвола. Во тој град се наоѓа одбранбената индустрија на Руската Федерација, а познат е по компанијата „Севмаш” која произведува подморници.