Откако во текот на вчерашниот ден, шпанскиот стратег Давид Писонеро беше прекомандуван за асистент тренер на европскиот првак Вардар, а прв тренер стана спортскиот директор Едуард Кокшаров, Русинот ги образложи причините за овој потег.
„Точно е, јас ќе бидам тренер, бидејќи по смената на Писонеро, немам друга опција. Одлуката беше на претседателот Сергеј Самсоненко и не беше спонтана. Тимот немаше стил на игра ако споредиме со минатата сезона. Самсоненко сметаше дека сега е вистинското време да се направи радикална промена. За Писонеро имаше две опции – да се раскине договорот или да остане како помошник тренер, тој го одбра второто. Ќе ни треба време да најдеме нов тренер, а до тогаш јас ќе бидам предводникот“, вели Кокшаров за рускиот „Брз Центар“.
Тој во исто време е селектор и на руската реппрезентација и ќе има набиена агенда во следниот период.