Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека договорот на премиерот Борис Џонсон е „уште полош” од оној на Тереза Меј, кој три пати беше одбиен од Парламентот.
– Овие предлози ризикуваат да предизвикаат трка до дното на правата и заштитите: ставање под ризик на безбедноста на храната, намалување на еколошките стандарди и правата на работниците и отворање на нашиот национален здравствен систем кон преземање од страна на американски приватни корпорации, изјави Корбин.
– Овој договор за распродажба нема да ја обедини земјата и треба да биде отфрлен. Најдобар начин да се реши Брегзит е на народот да му се даде последниот збор на јавно гласање, додаде лидерот на лабуристите.