По повод одбележувањето на 170 години од смртта на Шопен во истоимениот парк во Кисела Вода се одржа манифестација

Денес по повод одбележувањето на 170 години од смртта на големиот полски музички великан, Фредерик Шопен во истоимениот парк во Кисела Вода се одржа културна манифестација.

Во паркот, ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња” пред присутните прочитаа реферати за придонесот и животот на светскиот музичар. По ова, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Малгоржата Тицињска, сопруга на полскиот амабсадор во Република Северна Македонија положија цвеќе пред бистата на Шопен. На крајот на манифестацијата градоначалникот Филип Темелковски на учениците и нивната наставничка им додели благодарници за особен придонес во реализацијата на одбележувањето на Денот на музиката на Фредерик Шопен.

Настанот го проследија претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, Дарко Филиповски и Зоран Ацевски, членови на Советот на Општината и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување , култура и спорт.

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска оваа година деветти пат по ред го чествуваше ликот и делото на најголемиот композитор за пијано, Фредерик Шопен.

Треба да знаете
Последни објави