Спортски клубови ќе добијат финансиска поддршка од Општина Карпош

Вкупно 540 илјади денари општина Карпош ќе им додели на спортски клубови од нејзината територија.

Кошаркарскиот клуб „ СПАРТА ” ќе добие финансиска поддршка од 300.000 денари,  шаховскиот клуб „ ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ” ќе добие 100.000 денари, полицискиот клуб за боречки спортови „ 7 Мај ТИГАР” ќе биде помогнат со 40.000 денари, а 100.000 денари ќе се доделат на „ПК БЕТА ШАРКС” за реализацијата на проектот „Меѓународен пливачки натпревар 13 Ноември.

Одлуката за финансиско помагање на спортските екипи помина на денешната седница на Советот на Општина Карпош, објавија од Одделението за односи со јавност на оваа скопска општина.

Треба да знаете
Последни објави