Шкендија не се „разбуди“ ниту со нов тренер

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тетовска Шкендија не се „разбуди“ од резултатската криза која ја тресе на почетоков од новата сезона ниту со нов тренер. Тетовските „црвено-црни“ вторпата сезонава се поразени  минимално од Академија Пандев (1:0),. Струмичани во воедниот натпреавр од 10. коло, или прво од вториот натпреаврувачки круг стасаа до трите бода  во Тетово и привремнео до првата позиција на табелата со погодокот на Маслач на крајот од првото полувреме..
Шкендија во двонеделната пауза доби нов тренер Ернест Ѓока. Шок терапијата со рокадата на тренерската клупа очигледно не делеуваше на играчите. Тетовци добија свирежи од малубројната домашна публика. Клучниот момент на мечот се случи пред паузата, кога Стојкоски по корнерот одлично го најде Маслач, а овој  ја затресе мрежата. Залдно Шкендија се обидуваше да се врати во игра. Струмичани максимално ја искористија анемичноста на домаќинот и им го нанесоа петтиот сезонски пораз.
Академија Пандев со победата лидер со 21 бод, еден повеќе од Вардар, кој утре од 14.30 часот го игра својот меч со Македонија ЃП. На другите мечеви од 10. коло Работнички е домаќин на Струга Трим Лум, Силекс ја дочекува Ренова, а Борец е домаќин на Шкупи.

Треба да знаете
Последни објави