Димитров: Ако нема консензус за европската иднина на Западен Балкан граѓаните треба да знаат

Со пораки преку своите твитер профили се огласија шефот на македонската дипломатијата Никола Димитров како и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Димитров со прашање до Европската унија дали нема повеќе консензус за европската иднина на Западен Балкан. Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат, напиша Димитров.

И вицепремиерот Османи со порака до Унијата

– Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава туку и во целиот регион од денес е нарушен. Но тоа не смее да не оддалечи од европските вредности. Ние сме дел од Европа, и денешната неправда не смее да не оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементација на реформите, порача Османи.

Треба да знаете
Последни објави