–Сакаме да ги информираме земјоделците кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште, дека рокот за плаќање на закуп согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште и согласно склучениот договор е до 31 јули во тековната за претходната година, а за постарите договори е 31 декември во тековната година-повикаа од подрачната единица. Одредбите од измените на законот направени од Законот за земјоделско земјиште, за секое задоцнето плаќање по законски утврдениот рок, предвидуват да се пресметува законска казнена камата за период од денот на плаќање до законски обврзувачкиот рок за плаќање. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените се предвидува и раскинување на договорот како крајна мерка, велат од Подрачната единица на МЗШВ Куманово.