Самсоненко проговори зошто фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар се соочија со беспарица

Сопстевникот на фудбалскиот и ракометниот клуб од семејството на најпознатиот македонски спортски бренд Вардар, Сергеј Самсоненко и неговиот адвокат, Александар Новаковски проговорија  со какви проблеми се соочува „газдата“ поради што тимовите се соочија со беспарица. Самсоненко, кој е и инвеститор во нашата земја, покрај сопственик на спортските брендови, тврди дека поранешен негов близок соработник заедно со сопственик на фирма се обидуваат да му земат речиси два милиони евра.

-Имаме сомнеж дека се работи за организирана шема, со спрега со фирми, посредници и дел од надлежните, позната во светот како организирано преземње на објект со намалување на цената, негово фиктивно обезвреднување и нанесување на штета – соопшти Александар Новаковски, адвокатот на Самсоненко.

Со своите партнери, Самсоненко организирано дејствувал околу изградбата на хотелот Мериот- Градската куќа – Офицерски дом на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а потоа се погрижиле фирмата да отиде во стечај заедно со имотот на атрактивната локација. Според рускиот инвеститор, кој е и почесен конзул во земјава, Самсоненко договорот за изградба на објектот на скопскиот плоштад е добиен на најтранспарентен начин од државата и притоа ги платил сите дотогаш доспеани долгови. Поради инвестициите кои ги направил во спортот, дошло до извесно доцнење во плаќањето на фирмите кои биле ангажирани за изградба на објектот. Проблемот со сите доверители, освен со еден бил решен со меѓусебен договор за одложена исплата.

Но наместо постигнатиот договор, по неколку дена Самсоненко е известен од банка дека се блокирани сметките на „Балкан Груп Констракшн“ и СИС Инвест Груп“ од страна на фирмата која дала предлог за отворање на стечај. Според Самсоненко и неговиот адвокат договорот за деловно-техничка соработка бил фалсификуван, зошто од претходно постоеле договори за градба и за гаранција. Затоа тие целиот овој случај го пријавиле во МВР и кај другите надлежни институции во земјава.

Првиот човек на шампионските тимови од семејството на Вардар потенцира дека тој во ниту еден момент не се покајал што одлучил да го врати спортскиот дух во нашата земја, и се радува што успеал во тоа. Со ракометарите освои две европски шампионски титули, а со фудбалскиот клуб се пласираше во групната фаза од Лига Европа.

-Мојот труд и инвестиции не се само во афирамција во спортот туку и во изградба на значајни објекти. За жал дојде момент кога се соочив со непријатни случувања и луѓе кои се обидуваат да го оспорат и да го негираат моето работење – соопшти Самсоненко.

Треба да знаете
Последни објави