Чамец со мигранти побарал помош кај Крф, а го лоцирале во близина на Италија

Во морскиот дел јужно од Отрадо во Италија бил лоциран чамец со мигранти, по кој во текот на ноќта трагаше грчката крајбрежна служба, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, еден од мигрантите синоќа, преку европскиот број за итни случаи 112, побарал помош и веднаш била мобилизирана грчката крајбрежна служба заедно со брод и хеликоптер на Фронтекс за нивно пронаоѓање во близина на островот Крф, јави дописничката на МИА од Атина.

Во чамецот имало околу 40 мигранти, а веројатно кон Италија се упатиле од западниот дел на Грција.

Треба да знаете
Последни објави