ВМРО-ДПМНЕ: Од реализацијата на ветените проекти на локалната управа во Свети Николе нема ништо

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за локалната управа во Свети Николе.

 

„Поминаа две години  од стапувањето на должност на градоначалникот Сашо Велковски и локалната власт предводена  од СДСМ. Од предизборниот период  со нивната програма ветуваа реализација на различни проекти само и само за да ја добијат  власта.

Поминаа две години, а од реализацијата на ветените проекти нема ништо.

Почитувани граѓани,

Да ве потсетиме на ветените проекти:

-проширување  на капацитетите на градинката  преку изградба на ново крило  како и нови градинки во селата Ерџелија,Горобинци- ветено нереализирано

-изградба на нова балон сала  кај средното општинско училиште „Кочо Рацин„  како и реконструкција на соблекувалните во салата „Цар Самули„-ветено нереализирано

-изградба на градски базен, направен е само предлог план-ветено нереализирно

-изградба на нов пензионерски дом, реконструкција на постоечкиот, реконструкција и обнова на старските домови  во селото Црнилиште, Горобинци Мустафино и Ерџелија- ветено нереализирано

-бесплатен летен одмор во одмаралиштето во Дојран  за социјално загрозените деца од  такви семејства како и за пензионерите со ниски примања-ветено нереализирано

– гасификации,прво во јавните установи, а потоа и во стопанствата и во домаќинствата-ветено нереализирано

-континуирана промена на азбесните цевки –ветено нереализирано

-реконструкција на речното корито низ градот-ветено нереализирано

-нови и современе противпожарни возила, нов возен парк  како и современа опрема-ветено нереализирано

-изградба на нови детски игралишта низ градот и по селата-ветено нереализирано

-изградба на младински културен центар –ветено нереазлизирано

-изградба на монтажни паркинг места  за периодот 2018, 2019 година –ветено нереазлизирано

 

-изградба на нов мост кај местото викано “Отпад“ и уште којзнае колку прокети коишто беа ветени, а нереализирани.

Почитувани сограѓани,

Набројаните проекти  се со период на реализација 2018-2020 година, но оваа локална власт нема започнато ниту со планирање, а камоли со реазлиација  на истите. Единствено на што се посветени  е полнење на општинската администрација и јавните претпријатија со партиски кадри.

Но, се гледа крајот од нивното владеење  и нивните шарени лаги ќе бидат заменети со реални проекти од обновата на Македонија. Започната е обновата за Македонија кога прво ќе се рефлектира на централно ниво со организирање на предвремени парламентарни избори, а потоа и локалните на кои ќе дојдат чесни, стручни и одговорни луѓе кои ќе извршат обновата во Република Македонија и во нашата општина.“

 

Треба да знаете
Последни објави