Вардар ремизираше во Ѓорче, кикс на Работнички

Македонија Ѓорче Петров и Вардар одиграа 1:1 во дербито натпреварот на 10-тото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Гостите поведоа со голот на Аврамовски, а изедначи резервата на „лавовите”, Јашароски. Иако сакаа, двете екипи во финишот не можеа да дојдат до втор гол, па се задоволија со по еден бод. Работнички е главниот губитник од ова коло, бидејќи на свој терен загуби од новакот Струга, и тоа во комбинација со победата на Борец над Шкупи, ги симна „романтичарите” на последно место на табелата.

Резултати од денешните натпревари: Борец – Шкупи 2:1, Македонија Ѓ.П. – Вардар 1:1, Работнички – Струга Трим Лум 1:2, Силекс – Ренова 3:0.

На табелата водат Вардар и Акадмеија Пандев со по 21 бод, Македонија Ѓ.П. има 16, а последниот Работнички е со 10Следното коло ќе биде вонредно и ќе се игра на 23 октомври со почеток во 14.30 часот.

Треба да знаете
Последни објави