Мајорка на македонскиот репрезентативец Игор Трајковски дојде до сензационална победа од 1-0 против Реал Мадрид во рамки на 9.коло во Ла Лига, што е прв пораз на „кралевите“ во домашниот шампионат.
Голот вреден три бода Мајорка го постигна уште во седмата минута, кога Фебас го пронајде Жуниор во казнениот простор, а тој атрактивно пласираше во мрежата на Тибо Куртоа. Гостинот и покрај притисокот и шансите не можеше да ја смести топката во мрежата на домашните.
Мајорка имаше и еден поништен погодок во 15. минута, за кој судијата процени дека Лаго Жуниор се наоѓал во недозволена офсајд-ситуација.
Работите да бидат полоши за Реал ги направи и Алваро Одриозола, кој заработи црвен картон во 74-тата минута. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 81-та минута.
Очигледно беше дека без Рафаел Варан, Дани Карвахал, Тони Крос, Лука Модриќ и Герет Бејл, гостинот не може да биде конкурентен. Реал Мадрид сега му го препушти првото место на табелата на својот најголем ривал Барселона која беше убедлива против Еибар со 0:3.