Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвадиола зборувајќи за протестите во Каталонија, вели дека некои од лицата на кои им се заканува долгогодишен затвор се негови големи пријатели.
Во Барселона има протести на заговорниците на независност, но и на поборниците за единствена Шпанија, па полицијата стравува од пожестоки судири. Протестантите бараат ослободување на затворените каталонски лидери осудени во понеделникот на затвор од 9 до 13 години. Некои од нив се повеќе од добри пријатели на Гвардиола.
-Јас ги бранам човечките права и би ги бранел било каде во светот. Важно е да се бориме против расизмот и дискриминацијата. Не знам што ќе биде утре со мојата Каталонија, се затвораат лица кои бараат правда. Имам пријатели кои ќе минат девет години во затвор само поради гласање. Затоа што од некого барале да гласа. Европа мора да се замеша во сето ова и да го реши овој конфликт, вели Гвардиола.