Премиерот Зоран Заев информираше дека барал средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, но тоа завршило без успех.
„Барав средба со претседателот Емануел Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци – но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, додаде премиерот Заев.