По разочарувачкиот пораз од Хофенхајм на домашен терен, Баерн Минхен доживеа шок и по репрезенативната пауза која ја имаше во изминативе две недели, откако ова попладне прими гол во самата завршница, со кој Аугзбург стигна до реми во 92-та минута.
Баерн имаше водство во финишот благодарение на феноменалниот Гнабри кој игра во страшна форма, но сепак неговата асистенција до Левандовски и одличниот гол кој го постигна во вториот дел, не беа доволни за Баерн да се врати на победничките патеки. Водство од 1:2 го поништи Финбогасон, но најзаслужен за големиот бод на Аугзбург беше Кордова кој буквално го посрамоти најскапото засилување во историјата на баварците, Лукас Ернандез.