Вотфорд и натаму останува тимот кој нема остварено победа во Премиер лигата, но ова попладне беше многу блиску до тоа, бидејќи до самиот финиш имаше сензационално водство на гостувањето во Северен Лондон.
Гостите предводени од менаџерот Кике Санчез Флорес супер резултат до 86-та минута благодарение на голот на Дукуре, но пред истекотот на 90-те минути, Деле Али погоди за 1:1 и на тој начин го спречи Вотфорд да стигне до првата победа оваа сезона, а од друга страна пак, спречи нов срам за Тотенхем кој игра исклучително лошо на стартот.
Во Лондон се играше уште еден интересен натпревар, а таму пресуди еден гол, односно погодокот на Маркос Алонсо кој во 73-та минута конечно го проби Њукасл кој цело попладне се бранеше на „Стемфорд Бриџ“. Со овој триумф, Челси се искачи дури до третото место на табелата, врзувајќи серија од три последователни победи по поразот од Ливерпул.