Kазнeти 17 возачи кои возеле побрзо и 10 кои биле под дејство на алкохол

Седумнаесет возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 10 возачи кои биле под дејство на алкохол се откриени и санкционирани во акциски контроли што Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР ги спроведе изминатата ноќ.

Од МВР Скопје информираат дека во акциската контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење полицијата открила и 43 други прекршоци за кои се издадени 20 мандатни казни и 23 прекршочни казни, а во акцијата за откривање возачи кои возеле под дејство на алкохол издадени се 19 мандатни и 15 прекршочни казни.

Вчера во периодот од 14 до 24 часот санкционирани се и 10 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатна и седум прекршочни казни.

Треба да знаете
Последни објави