„Во Северна Македонија имаше ветувања дека доколку не се случи ова поднесуваме оставка. Во Северна Македонија се дадени уверувања дека овој процес е неизбежен и дека ќе се случи. Јас не знам дали премиерот на Албанија, јас или некој друг владин претставник од јануари дал ветување дека преговори ќе има. Ние рековме дека сме посветени и ќе направиме напори за отворање на преговорите“-изјави Гент Цакај, министер за надворешни работи на Албанија.
Цакај рече дека одложувањето на одлуката за пролет не треба да се сфати како неповратен крај на европските аспирации ниту како конечен неуспех на политиките за проширување на ЕУ.
„Оваа одлука не е поради неуспехот на Албанија да биде на потребното рамниште на стандардите за отворање на преговорите за членство, туку тоа е директна последица на околностите во кои се наоѓа ЕУ, во процес на длабоко преиспитување на самата себе“-рече Гент Цакај, министер за надворешни работи на Албанија.
Вчера премиерот Рама рече дека Албанија ќе продолжи со исполнување низа реформи зашто и се потребни на земјата, а не заради Брисел.