Заев ќе одржи прес конференција во 12 часот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со почеток во 12 часот, ќе се обрати до граѓаните и медиумите и ќе одржи прес-конференција.

 

Заев до доцна синоќа одржуваше консултации на повеќе нивоа за следните чекори по одлуката на самитот на ЕУ, додека претседателот Стево Пендаровски за в недела закажа лидерска средба.

Пендаровски по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел се обрати до граѓаните со порака дека сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени, туку е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија, како што рече, нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат.

Треба да знаете
Последни објави