Нови американски санкции за Куба

САД воведоа нови санкции кон Куба поради кршење на човековите права и поради поддршката на Хавана за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Американското Министерство за трговија наведе дека ги поништува постоечките дозволи за изнајмување на авиони за кубанските државни авиопревозници и оти нема да издава нов. Со санкциите ќе бидат опфатени и повеќе странски артикли кои содржат американски делови.

– Овој акт на Министерството за трговија испраќа нова јасна порака до кубанскиот режим – мора веднап да престане со своето уривачко однесување дома и во странство, истакна министерот за трговија Вилбур Рос.

Претседателот на Куба, Мигел Дијас Канел ја осуди американската одлука и на Твитер ја нарече „нехумана, сурова, нефер и геноцидна”.

Односите помеѓу САД и Куба се влошија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата администрација го ограничи патувањето на Кува и воведе нови економски санкции кон Хавана.

Треба да знаете
Последни објави