Шпанскиот ракометен првак Барселона направи голем исчекор кон првото место во својата група затоа што во дерби-дуелот со Пари Сен Жермен успеа да слави со 36-31 и за првпат го порази тимот на Раул Гонзалез.
Клучната предност на мечот, избраниците на Чави Пасквал ја направија пред крајот на првото полувреме, кога поведоа со 19-15, а во вториот дел ПСЖ беше тимот што константно бркаше. Голманите на ПСЖ тешко бранеа, па токму затоа шпанскиот гигант запиша посакувани бодови.
Најдобар кај Барселона беше Абало со седум гола, а го следеше Мем со пет, а кај ПСЖ прво име беше Лука Карабатиќ со шест гола.
На останатите натпревари, Порто и Мотор го поделија пленот (35-35), Киелце победи кај Мешков Брест (27-31), Кил во драматична завршница го совлада Монпелје (30-33), додека Кристијанштад лесно ги скроти „мечките“ од Чехов (36-28).