И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагта за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник Ла верита.
„Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“ е насловот на новиот текст на Ларис Гајзер, според кој блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел.
-Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев. Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев, пишува Гајзер.
Според Ла Верита, весникот што прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“, обидот на луѓето од политичко-судскиот врв истрагата, во политичкиот дел, да заврши со обвинение само против Фросина Ременски, која како пратеничка на СДСМ беше и почесна претседателка на хуманитарната организација Меѓународен сојуз, нема да успее. Токму преку оваа невладина организација на Боки 13 поминуваа парите од многубројните активности за изнуда, пишува Ла верита, .