Мицкоски побарал Македонија да реагира на декларацијата на бугарската влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на Бугарската влада која усогласи документ во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ, а во истата се наведува: Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“, пишува Република.

Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.

Во првиот дел од средбата со партиските лидери се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи.

Треба да знаете
Последни објави