На државата и се потребни брзи парламентарни избори за уште позасилено да продолжи на правиот пат на реформи, напредок и интеграција

За само помалку од две и пол години Република Северна Македонија стана модерна, европска држава. Успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ се признаени од целиот демократски свет.
Европската унија направи историска грешка и тоа беше порака на највисоките претставници на ЕУ.
Таквата неправда нема да го поколеба општеството, државата, институциите. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за европските вредности, стандарди и реформи да ги донесеме тука.
Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен.
Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може.
Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја.
Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или а одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад.
Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување.
Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите.

 

Треба да знаете
Последни објави