Папен: Кавани и со една нога е подобар од Икарди

Француската фудбалска легенда, Жан Пјер Папен смета дека во Пари Сен Жермен воопшто не треба да имаат дилема кој од двајцата напаѓачи треба да биде стартер.

Според Папен, Уругваецот Единсон Кавани е многу подобар од Аргентинецот Мауро Икарди, кој летоска дојде како позајмен од Интер, како сигурност, бидејќи во тоа време Кавани и Килијан Мбапе беа повредени. Икарди почна да дава голови, Кавани уште е на листата на повредени, па останува да се види дали „светците” во јули ќе го откупат Икарди или ќе го послушаат Папен, па ќе го вратат во Интер.

– Го претпочитам Кавани и со една нога, отколку Икарди со две нозе, рече најдобриот фудбалер на светот за 1991 година.

Треба да знаете
Последни објави