Алијанса за Албанците била подготвена и за други датуми за одржување на предвремените парламентарни избори, но добро е што се пронашло заеднички јазик, порача лидерот на АА, Зијадин Села.
-Заеднички став на сите партии е дека немаме друга опција. Ние како партија бевме подготвени и за други датуми, но 12 април е добар датум. Очекуваме да се рафитикува членството на Македонија во НАТО. Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат да се врати демократијата. Треба да ја вратиме надежта кај младите кои бегаат од државата немајќи услови за живот, за образование, немајќи сигурност, изјави Села.