Кандидатот за премиер на Косово, lидерот на Самоопределување, Албин Курти бил дел од сообраќајка во Тирана, на патот на Ринас, при што за среќа не се здобил со повреди, јавува Топ Чанел.
Истиот медиум дознава дека возилото со кое Курти патувал се судрило со полициско возило.
Курти вечерва во Тирана престојуваше за да ја прослави неговата победа на изборите во Косово.
-Вечерва возилото на претседателот на движењето Самоопределување Албин Курти имаше сообраќајка во лесен верижен судир во Албанија кога одеше на славењето на победата во Тирана. Се е во ред и ниту едно лице не е повредено. Активностите продолжија според агендата и нема место за вознемирување – изјавил портпаролот на Самоопределување, Арлинд Манџука за Телеграфи.