Бдеење пред Француската амбасада во Софија се организира на Фејсбук, по одлуката на Париз да го стопира процесот на почнување преговори со Македонија со Европската унија, пренесува Офњуз.
Бдеењето е закажано за утре, 21 октомври од 18:30 часот по локално време. Настанот на Фејсбук го регистрирал скулпторот Андреј Врабчев, но според неговите зборови, организатори се интелектуалци, кои излегоа со изјава за рамковната позиција на Бугарија, која беше донесена од Владата неколку дена пред Самитот во Брисел.
https://www.facebook.com/andrey.vrabchev/posts/10221479120354043
„Почитуван претседател на Француската Република,
Во време на комплицирани процеси на Блискиот исток, тековната војна во Сирија и интересот на сите земји кон Балканот како влез во Европа, на Европската унија и треба стабилен, кохезивен и европски Балкан. Отсуството на Европа од овој регион значи дека ќе влезат други сили, непријателски настроени кон неа. Одлуката да не се започнат преговори со Република Северна Македонија – срцето на Балканот – со ЕУ, е особено опасна и за самата Северна Македонија, која ќе биде водена од политички хаос, антиевропски позиции и управување, како и за целиот регион и Европа. Не смееме да заборавиме дека многу од најлошите војни започнаа на Балканот и пред 18 години се водеше последната војна на нашиот континент.
Франција му ги даде на светот принципите што ја водат Европската унија, принципите на мирот и правдата. Liberté, égalité, fraternité Слобода, еднаквост, братство. Во Европа, долгогодишните непријатели станаа добро. Денес нема стари пријателства, затоа што нема стари непријатели, но не треба да создаваме нови такви!
Не друг, туку вие кажавте: „Во Европа ќе одиме напред со оние што сакаат да одат напред. Ние нема да прифатиме компромис со нашите вредности за оние што сакаат да останат во периферијата на историјата“. Кој покажа поголема волја и храброст да оди напред, ако не сегашните лидери во Северна Македонија и нејзините граѓани? Ако не бидат наградени за ова, Европа ќе ги изгуби нивните срца. Верувајте ни овде на Балканот, најважно е да ги освоите срцата на луѓето – нешто што противниците на Европа долго време го разбираа и користеа вешто.
Како граѓани кои се восхитуваат на културата и она што Франција го даде на светот, ние веруваме дека вашата земја отсекогаш била моторот и водачот на Европа. Очекуваме да не се откажете од оваа улога, откако повторно ќе ја преразгледате вашата позиција за Република Северна Македонија и ќе најдете начин да дадете поттик на ЕУ и стабилноста. Не е познато зошто е подигната триумфална капија во центарот на Скопје … Можеби ве чека? На Европа и требаат водачи – бидете новиот Де Гол.
Освоете ги срцата на граѓаните на Северна Македонија и ќе уживате во вистинска победа – победа за сите европски граѓани.
Да живее Северна Македонија!
Да живее Бугарија!
Да живее обединета Европа, пишуваат тие во обраќањето до Макрон.