(Видео) Заврши најдолгиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Водечкиот австралиски авиопревозник „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет на патнички авион во светот од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот.

Авионот Квантас QF 7879, полета од аеродромот во Њујорк „Џон Ф. Кенеди“ во петокот ноќта и слета утрово на сиднејскиот аеродром „Кингсфорд Смит“ по 19 часа лет. Тоа беше прв нон-стоп лет од Њујорк до Сиднеј и прв тест како толку долги летови влијаат на човечкото тело.

Тест возењето на релација од 16.200 километри траело 19 часа и 16 минути.

Претходно „Сингапур ерлајнс“ имаше најдолг комерцијален лет во светот од Сингапур до Њујорк, кој траеше 18,5 часа.

Квантас го пренамени новиот Боинг 787-9 „Дримлајнер“ за долг лет со максимално гориво и помал број патници и багаж без карго, за да овозможи авионот да лета без прекин.

Треба да знаете
Последни објави