Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.
“„Вистинските“ реформи на СДСМ ја оставија Македонија без датум за преговори.
Време е сега да се стави крај на „вистинските“ реформи на Зоран Заев и неговите пајташи.
Македонија со криминалец како Зоран Заев нема иднина.
Од реформи граѓаните видоа само криминал, рекет, и продавање на национални интереси.
Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации.
Време е за реформи, вистински реформи, политичари кои ќе работат за доброто на граѓаните на Република Македонија. Доаѓа време за обнова на Македонија.“